Ќе ожеднат ли скопјани - Утврдени повисоките цени за водата
Објавено во: Економија 01 Декември, 2017 07:40
Од следната година ќе плаќаме повисоки сметки за вода при што Регулаторната комисија за енергетика и официјално ги соопшти новите тарифници на јавните претпријатија ширум државата како за 2018 година, така и за поскапувањето на услугите кон водоводите во наредните три години при што ќе има постепено покачување на цените за водни услуги.
Според пресметките, РКЕ на ЈП Водовод и канализација Скопје за догодина му одобри цена која вкупно ќе изнесува 34,95 денари по метар кубен вода од цефките на градскиот водовод, а како што кажавме поскапување на услугите ќе има и во 2019 и во 2020 година. Досега скопјани плаќаа по 29,39 денари од метар кубен со тоа што разликите во крајната сметка се должат на различната дворна површина, одалеченоста на населбата за комуналните трошоци и другите теренски фактори.
Во формирањето на цената на метар кубен вода од ЈП Водовод и канализација Скопје како и било кое друго јавно водоводно претпријатие се три категории на услуги, а тоа се собирање и одведување на отпадни води, прочистување на отпадни води и снабдување на вода за пиење. Токму ако ја земеме водата од чешма како основна за пиење на граѓаните на Скопје ќе видиме дека цената на метар кубен од први јануари следната година на метар кубен без пресметан ДДВ ќе изнесува 21,50 денари. Токму на оваа ставка граѓаните имаат и можност за најголемо влијание, односно ќе платат толку колку што ќе потрошат, додека пак останатите две категории се однапредн утврдени услуги од јавното претпријатие и тие се фиксни. Метар кубен питка вода од чешма во 2020 година ќе не чини 23,70 денари без пресметан ДДВ.
Според анализата на Регулаторната комисија за енергетика оперативните трошоци на ЈП Водовод и канализација Скопје во наредните три години прогресивно ќе растат, па така во 2018 ќе бидат 10,7 милиони евра, а во 2020 година ќе достигнат 11,2 милиони евра. Растот на цените не треба да доведе до екстра приходи за ЈП Водовод или било кое друго јавно претпријатие туку разликата во цени да се насочи во инвестиции, па така одреден е и регулиран максимален приход за следните три години. Исто така ЈП Водовод треба да води посебна евиденција за сите три одвоени водни услуги за време на целиот регулиран период. Опсегот на висината на тарифата за водата за пиење во следната година изнесува 6,45%, во 2019 година 6,61% и во 2020 година 6,71%.
Во тарифата за водната услуга прочистување на отпадните води метар кубен догодина ќе чини 2,27 денари, во 2019 година 2,26 денари, а во 2020 година 2,25 денари, а ќе се намалува и опсегот на висината на тарифата последователно.
Во тарифата за водната услуга собирање и одведување на отпадни води исто така ќе има покачување во следните три години. Така догодина метар кубен по овој основ ќе чини 11,18 денари, во 2019 година 11,48 денари и во 2020 година 11,75 денари.
Од први јануари новиот тарифник за вода ќе треба прво да го воведат општините со над 10 илјади жители, а од 2019 нови цени ќе добијат и помалите општини.
Автор: Христијан Станоевиќ* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности
Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица
(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување




