25 Мај, 2024
0.0406

ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПОВЕЌЕ РАБОТА ЗА ЛЕКТОРИТЕ - Државата го менува законот, еве кој се ќе мора да лекторира текстови

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Владата на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлог на закон употребата на македонскиот јазик.

Од таму посочуваат дека новопредложениот Закон, според предлагачот, Министерството за култура, се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.

- Постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, коишто, според Министерството за култура е потребно да се прошират и со дополнителни механизми, што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
 
Од тие причини, се предлага донесување нов Закон за употребата на македонскиот јазик, со којшто ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката - посочуваат од Владата. 

Од таму дополнуваат дека со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.

Посочуваат дека Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик.

- Како и досега - и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице - се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова

ЕВЕ КАКО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ГО ДОЖИВУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: „Вие нас не не прашавте“, пренесе Димовски

ЕВЕ КАКО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ГО ДОЖИВУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: „Вие нас не не прашавте“, пренесе Димовски