КОГА ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ ПО НОВИТЕ АВТОПАТИ: Изградбата ем поскапе, ем задоцни!
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017 08:17
Автопатската изградба закочи. Автопатите Кичево – Охрид и Миладиновце - Штип, што се градат со кинески кредит, нема да бидат завршени навреме. Ова е констатација на Државиот завод за ревизија, откако е направен увид во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите.
Според добиените извештаи од надзорот, за кои вчера пишиваше Фактор, наведено е дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на финансиската реализација, во однос на она што е планирано и договорено, посочуваат државните ревизори.
„Со извршената споредба на планот за повлекување на средствата од ЈП за државни патишта, доставен до Кинеската банка, за двата проекти за изградба на автопатиштата, по датуми и износи, од почетокот на април до крајниот рок април 2017 година за Миладиновце - Штип и крајниот рок февруари 2018 година за Кичево- Охрид, и реалното повлекување на средствата на база на времени ситуации, може да се констаира дека постои значително отстапување, кое укажува дека изградбата на автопатотот не се одвива согласно планот, односо има задоцнување поради што изградбата на двете делници нема да се реализира во предвидениот рок,“ се вели во ревизорскиот извештај.
Но она што исто така загрижува е дека кредитите веќе поскапеа, па поради курсни разлики Македонија е приморана да исплати 17 милиони рвра повеќе.
Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во износ од 580 милиони евра.
ЈП за државни патишта за кредити должи половина милијарда евра
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




