Кој му се закани по живот на Курц кој затвора џамии?
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2018
На австрискиот канцелар, Себастијан Курц зголемено му е обезбедувањето поради закани по живот откако одлучи да затвори седум џамии и да протера имами.
Преку социјалните мрежи на Курц му порачаа да се подготви за убиство.
„Подготви се да умреш“ или „Сакаш ли војна“, се некои од заканите, но му пишуваат и дека е ционист, дека не е христијанин, туку Евреин.
Заканувачите му пишуваат дека ќе се најде во кутија.
Сојузната служба за заштита на уставноста и борба против тероризам покрена истрага против тие што ги пратија пораките, Обезбедувањето на канцеларот е зголемено и неговиот стан постојано го обезбедуваат „Кобри“.
Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се налути за потегот на Курц, и побара Европа, односно Германија да го смири. Тој рече дека со ова Курц може да предизвика војна меѓу крстот и полумесечината.