20 Мај, 2024
0.0252

Колењето на стока мора да го одобри ветеринар

Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Надвор од кланиците минатата година биле заклани околу 5.000 говеда и 16.000 свињи, а месото било за домашна употреба, објавува Дневник, повикувајќи се на податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство. Но, пред Велигденските празници, кога најчесто се коли стока, малкумина знаат дека законските прописи што ја регулираат оваа област се построги. Така, Законот предвидува казни од 500 до 5.000 евра за секој што ќе коле животни во домашни услови, а претходно не повика ветеринар да ја прегледа стоката. И земјоделците-одгледувачи на стоката мора да пријават на овластен ветеринар доколку колат за сопствени потреби. Процедурите се поедноставни ако наместо дома, стоката да се коли во кланица. „Сите животни што доаѓаат во кланица се придружени со здравствено уверение издадено од надлежниот ветеринар, со кое се потврдува дека се клинички прегледани и здрави. При пристигнувањето во кланица, сите животни подлежат на клинички преглед пред колење, со што се елиминира можноста месо од заболени животни да се стави во промет. Ако официјалниот ветеринар констатира дека животното покажува симптоми на болест, тоа се изолира и не се дозволува колење“, објаснуваат за „Дневник“ во Агенцијата за храна. Според експертите, причините за домашното колење кое сеуште е доста застапено во Македонија се економски - оддалеченоста на соодветните објекти за колење, цената на колење, транспортните трошоци; образовни - ниското ниво на образование на луѓето во одредени рурални средини или религиозни - колење на животните за одредени верски празници. Месото од стока заклана во домашни услови може да се користи само за домашна употреба и не смее да се продава.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?