Колкави се платите на седумината што ги кројат цените на горивото, парното и на струјата?
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2018 07:15
Колку се платени луѓето што ја кројат цената на горивата, струјата и парното? Членовите на РКЕ имаат нето плати од 1.400 до 1.570 евра месечно. Најголема е платата на претседателот Димитар Петров, па на заменикот Рамандани, а петмината членови имаат по 1.400 евра месечно. Просечна плата на вработен во РКЕ е 45.110 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави платите на седумината комесари кои ги утврдуваат цените на горивата што ги плаќаме како и цените на регулираната тарифа за електрична енергија што ја плаќаат граѓаните. Ова е чекор што е за поздравување во создавање добра пракса за транспарентно работење иако беше изнуден со негативни пишувања во некои медиуми на што и реагираше РКЕ. Официјалната информација може да ја најдете на следниот линк.
Најголема месечна нето плата има претседателот на РКЕ, Димитар Петров и неговата месечна нето плата изнесува 97.114 денари односно 1.570 евра. Тоа е 4,4 пати повеќе од просечната нето плата во земјава. Петров е дипломиран електроинженер, со долгогодишно работно искуство во ЕВН Македонија, жител на Кратово. Петров како предлог на ВМРО ДПМНЕ прв пат беше избран од Собранието за претседател на РКЕ во јуни 2009 година, а неговиот мандат беше продолжен за нови пет години во ноември 2015 година. Петров ќе биде претседател до ноември 2020 година.
Неговиот заменик Куштрим Рамадани, дипломиран машински инженер, има месечна нето плата од 91.276 денари односно приближно 1.480 евра. Неговиот мандат истече во декември лани.
Петмината членови на РКЕ имаат месечна нето плата од 88.774 денари односно 1.435 евра. Нивната месечна плата е 4 пати повисока од просечната македонска нето плата. Тие се Видан Кулески, дипломиран електроинженер кој е член во два мандати и актуелниот му истекува во ноември 2020 година, Светлана Јаневска, дипломиран економист, која во два мандати е член на РКЕ и нејзиниот втор мандат истекува во февруари 2019 година. Елена Маркова-Велинова, електроинженер, за која пишува дека мандатот и траел до февруари 2016 година. Членови се уште Дејан Бошковски, кој е назначен во октомври 2016 година и за кого беше објавено дека е разрешен од Собранието минатата седмица и Енвер Ељмази, дипломиран правник, кој беше назачен во октомври 2016 година.
Просечната плата по вработен во РКЕ е 45.110 денари. Освен седуммината комесари во РКЕ се вработени уште 23 лица од кои 20 се во стручната служба, а 3 лица се помошно-технички персонал.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува





