Колку милијарди денари повеќе ќе платиме за дизел-акцизата вгодина?
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017 10:29
Речиси 2 милијарди денари повеќе ќе платиме идната година заради зголемувањето на акцизата на дизелот за 24 отсто. Од тие 2 милијарди, 1,6 милијарди денари ќе бидат зголемени приходи од акцизата и уште 350 милиони денари од ДДВ-то кое ќе порасне заради зголемената основица за пресметка предизвикана од акцизата. Министре Тевдовски има ли ваков скок на државна давачка дури и во Данска која важи за еко-оаза?
Министерството за финансии објави дека за 24 отсто ќе поскапи акцизата за дизел горивата од почетокот на идната година. Од сегашните 12,5 денари за 15,5 денари за литар дизел гориво. Според официјалните податоци кои може да ги најдете на следниот линк на официјалниот сајтhttp://finance.gov.mk/files/Predlog%20Budzet%202018_kor.pdf Министерството за финансии очекува вкупен раст на буџетските приливи за 1,95 милијарди денари кои ќе бидат резултат на зголемиот износ на акцизата и ДДВ –то. Од акцизата очекувањето е приходите во буџетот да пораснат за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то кое ќе порасне како резултатот на основицата на која се пресметува приходот ќе порасне за уште 350 милиони денари. Според планот на министерот Тевдовски централниот буџет идната година ќе акумулира 193,4 милијарди денарии тоа е безмалку 10 милијарди денари повеќе од приходите во ребалансираниот буџет за годинава. Дури 20 отсто од тоа зголемување ќе го платиме преку зголемувањето на акцизата и ДДВ-то за дизел горивото.
Приходите од акциза во буџетот за оваа година се проектирани на ниво од 23,34 милијарди денари. Нивната реализација до крај на септември е 17,125 милијарди денари и тоа е 73,4 отсто од годишниот план. Доколку планот за идната година не се менува по друг основ тогаш само со зголемување на акцизата на дизел горивото во буџетот ќе се слеат 25 милијарди денари.
Ќе смалат 600 милиони денари расходи за стоки, а ќе зголемат 2 милијарди денари за акциза и ДДВ!
Во документот на Министерството на горепосочениот линк пишува дека Владата за идната година ќе потроши помалку 600 милиони денари од тоа што годинава се троши за расходи кои се квалифицирани како помалку продуктивни расходи.
Вкупните расходи за стоки и услуги се намалуваат идната година за 420 милиони денари што е за 4,2 отсто помалку од тоа ќе биде реализирано до крај на оваа година.
Од достапните јавни податоци на Министерството за финансии се гледа дека вишокот од акциза на дизел и ДДВ ќе го „лапнат“ пензионерите затоа што кај пензиите за идната година е предвидено 2,1 милијарди денари повеќе по основ на законско усогласување што во превод значи услогласување ос стапката на инфлација инфлацијата, правило што сите работодавачи го забораат како обврска спрема своите вработени.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?
Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија
Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?
ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија
КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа
Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец
РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците
Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?
Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат





