КОЛКУ ЗАРАБОТУВАМЕ: Две третини од населението не може да си дозволи одмор еднаш годишно
Објавено во: Финансии 19 Април, 2017
Дури 68 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат најмалку еднаш годишно да одат на одмор или некое патување, а 68 отсто не можат да си дозволат да одат на кино или театар.
Ова се најновите резултати од анализата на Институтот за економски истражувања „Финансе тинк“.
Анализата вели дека за 78 отсто од населението во земјава платите или пензиите се главен извор на приходи.
Останатите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од земјата.
Според ова истражување, само една третина од населението ги задоволува сите потреби и да може да сочува дел од своите приходи, 42,1 отсто не ги исполнуваат само потребите за храна и сметки, а 28,1 отсто и не успеваат во тоа.
Половина од населението не може да си дозволи да јаде во ресторан барем еднаш месечно, 91 отсто да одат на козметички третман и масажа, 78 отсто секој ден да си купат ново парче облека, чевли еднаш месечно, 76 отсто да вози автомобил.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.