Конзулат на Србија е отворен во Охрид
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2022
Во Охрид е отворен Конзулат на Србија.
Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев.
На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и други гости.
Билатерланите односи меѓу двете земји, според шефот на српската дипломатија, се добри во многу сегменти, втемелени на заедничка историја и блиските врски на двата народи, но и заедичката определеност за иднина.
Почесниот конзул на Србија, Михајло Филев смета дека отворањето Конзулат во Охрид е голем подвиг во зближувањето на двата братски народи.
Министерката за култура Костадиновска Стојчевска изјави дека отворањето на Конзулатот е уште една потврда и силен поттик за унапредувањето и продлабочувањето на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји.
фото СПОНА