22 Мај, 2024
0.0290

Ковачевски кажа кога ќе има избори

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Избори ќе има во 2024 година во редовен термин, доволно беа избори на секои две години, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Вели дека ќе има прво претседателски, па парламентарни избори во својот редовен термин. 

„Доста беа времињата кога во државата се правеа избори на само две години, кога економијата стоеше и кога единствено нешто што правеше владеачката партија, беше мерење на својот рејтинг и одење на избори и на крајот видовме како заврши целиот тој процес. Владата има полн легимитет и мандат, посветена е на решвање на проблемите и справување со предизвиците пред граѓаните и државата“, порача Ковачевски.

Тој потсети дека уште на почетокот на неговиот мандат, прашањето со Република Бугарија не го врзувал со одредени датуми. Инаку, опозицијата бараше лидерска и да се договори датум за избори. 

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, прогласи активна блокада на Собранието од утре.

Вели дека постојат четири причини за тоа: економија, здравство, образование и меѓународна политика.

Разговорот за датум за предвремени парламенатрни избори помеѓу премиерот Димитар ковачевски и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, според Мицевски, било најдобро природно решение за решеавање на проблемите во овие четири сегменти.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази