26 Мај, 2024
0.1139

КЗК ги казни Скопска Пивара и Прилепска Пиварница со вкупно 8.5 милиони евра

Објавено во: Економија 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата во ист ден објави дека им изрекла казни на две најголеми пивари во Македонија, Скопска Пивара и Прилепска Пиварница со по вкупно 8.5 милиони евра. 

Скопска Пивара е казнета со 5,7 милиони евра за нарушување на конкуренцијата при што на дистрибутерите им било поставено ограничување на цената која може тие да ја одредат. 

- Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 22.05.2017 година, донесе решение со кое утврди дека ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, во периодот од 17.12.2012 година наваму, склучувала договори за продажба и дистрибуција на производите на ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи. Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава истите производи на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата. Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување на препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори помеѓу производителот и дистрибутерот) и истите претставуваат одредби кои имаат за цел нарушување на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори, стои во соопштението на КЗК. 

Прилепска Пиварница пак, ќе треба да плати помала казна од 2,8 милиони евра за слично делување врз мрежата на дистрибутери со  временски неограничени обврски за неконкурирање и одредби за непромена на цените.

- Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 22.05.2017 година, донесе решение со кое утврди дека Прилепска Пиварница АД Прилеп, во периодот од 13.11.2010 година наваму, склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење како и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи. Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава истите производи на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата. Ваквите временски неограничени обврски за неконкурирање и одредбите кои се однесуваат на одржување на препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори помеѓу производителот и дистрибутерот) и истите претставуваат одредби кои имаат за цел нарушување на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори, посочија од КЗК. 

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини