22 Мај, 2024
0.0295

Лавовски раст на трошоците за изградба на Скопје 2014?!

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако грандиозниот владин проект требаше да чини 80 милиони евра, се чини дека сумата опасно се приближува до онаа што одамна  ја предвидуваше експертската јавност од 250 милиони евра, па и повеќе. Ова се поткрепува со бројните склучени анекс договори за дополнителни и непредвидени работи на објектите, кои речиси секојдневно се објавуваат на Бирото за јавни набавки. Соња Јованова Наумовска На Скопје 2014, проектот кој предизвика еден куп полемики и контроверзии во јавноста очигледно не му се гледа крајот. Владата ги почна јавните набавки уште пред две години тврдејќи дека изградбата на неколкуте објекти ќе чини 80 милиони евра, но како поминува времето, проектот постојано се надградува и проширува а колку всушност чини проектот кој, освен споменици опфаќа и десеттина објекти за јавни институции, се уште останува енигма. За сега во центарот на Скопје веќе се поставени околу 50 скулптури, изградбата и реконструкција на неколку јавни институции е готова или при крај, сменети се фасадите на зградите околу плоштадот Македонија, реконструирано е Собранието, а поставени се и вештачки плажи, катни гаражи во барокен стил. Опозицијата побара ревизија на трошењата на Министерството за култура за проектот Скопје 2014. За само еден ден склучени анекс договори вредни над 2 милиони евра Иако за речиси секоја изградба на објект однапред беше познато колку ќе чини, со анекс договори сумата во сите случаи е надмината. Нај тазе пример за тоа е изградбата на Стариот театар во Скопје, за која постојано се издвојуваат дополнителни средства за непредвидени работи. Па така само вчера, Министерството за култура склучи договори вредни 1,5 милиони евра за таа намена. Еден милион евра за скопската фирма Електролаб за изведување на електротехнички инсталации на фасадата и партерот на театарот и 221 илјади евра за австриската фирма Страбаг, за дополнителни и непредвидени работи кои не биле вклучени со основниот договор, без да се прецизира за какви работи станува збор.  Во меѓувреме Министерството склучи уште еден договор вреден 190 илјади евра со авторот Александар Ивановски за изработка и поставување на нова склуптура во театарот. Со ваквите дополнителни договори, сумата за изградба на театарот надмина 20 милиони евра, иако, според првичната најава, изградбата на театарот требаше да чини 6 милиони евра. И плоштадот Карпошово востание, дел од Скопје 2014 постојано се доградува, што го прави уредувањето на просторот на мини плоштадот во Скопје најскапото партерно уредување на еден така мал плоштад. Првично, изградбата требаше да чини близу 5 милиони евра, но општина Центар склучи уште еден договор со Бетон, фирмата изведувач на плоштадот, за партерно уредување кое чини дополнителни 800 илјади евра. Претходно со уште еден анекс договор на Бетон и беа исплатени уште 1,4 милиони евра за дополнителни и непредвидени работи на плоштадот. Досега дополнителни средства се одвојуваа и за осветлувањето на објектите од левата страна а Вардар, како и за осветлувањето на спомениците. Многу повеќе од предвиденото чинеше и изградбата на новата зграда на Музејот на ВМРО кој наместо првично планираните 4 милиони евра стигна до сума од 12 милиони евра, но и на новата филхармонија која наместо 6 милиони евра, засега достигна сума од над 7 милиони евра. Дополнителни средства и за театарот во Велес Министерството за култура ќе и плати дополнителни 457 илјади евра на српската фирма Светлост театар за изведување дополнителни, непредвидени работи на театарот во Велес кои не биле вклучени во основниот договор. Фирмата треба да врши инсталација и пуштање во работа на сценската механика. Досега во изградбата на велешкиот театар државата потроши 3,5 милиони евра а истиот треба да биде целосно завршен пролетва.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази