25 Мај, 2024
0.0353

ЛЕТОВО СЕ ТОКМИ ЗА РАБОТА НА ЈАДРАН ЗА 800 ДО 900 ЕВРА, НО ШТО ПОТОА - Ана Глигорова кажа зошто немаме масовни работнички протести

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Познатата активистка за заштита на работничките права Ана Глигорова, реагира зошто работниците никако не излегуваат масовно на улица за да се изборат за да се изборат за подостоинствен живот.

Спонтано собирање на работници на улици, како движење надвор од синдикатите - немало, ниту во догледно време ќе има. Кои се причините?

Немање работничка свест, поради пазарџиската логика на овој народ што живее на овие простори. Да се снајде денеска, а за утре ќе мисли - утре, всушност не мисли воопшто, бидејќи себеси не се смета за работник, туку за потенцијален ситен буржуј, кој кај и да е ќе направи пари, плус ако е вработен во администрација веќе гледа од високо. Плачат дека немаат пари, блокирана им е трансакциската сметка, пола плата оди во банка на камати, а платата слаба, никаква, не може од неа да се живее. Летово се токми за работа на Јадран каде што за 800 - 900 евра месечно (сега Непалците се конкуренција, работат за 500 евра) има да трпи изживување на газдите, без буквално никакви права. Организирањето на покрив над глава и храна од страна на газдата е робовски статус. Негов си комплетно, ти го контролира и приватниот живот кога си на работа. Така живееле робовите во антиката. После неколку месеци црнчење, со некои 3.000 евра заштедени се враќа во земјичево и презимува тука со овие ненормални цени. ПРЕЖИВУВА, НО НИКАКО ДА ИЗЛЕЗЕ МАСОВНО НА УЛИЦА И ДА КАЖЕ СТОП ЗА ОГРОМНИ ПЛАТИ НА ЕЛИТАТА, СТОП ЗА НЕНОРМАЛНО ВИСОКИ ЦЕНИ,ЗА МОБИНГ, ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА, СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ КОИ МУ ГО ЗЕМААТ ЖИВОТНИОТ ЗДИВ. Свеста за работничките права доаѓа со знаењето, со информирањето, со начитаноста, со храброста, никако со задоволувањето со ситнишот кој го добива овде или некаде надвор. Можеби ќе доживеам силни протести на овој ден или некој друг датум (се надевам дека ќе траат со месеци, нон стоп, вистински, масовни, а можеби во мојов век на земјава нема да ги доживеам. Сепак, се надевам“, пишува Глигорова.


Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник