ЛИДЕРОТ НА ДУИ, АХМЕТИ, НА КРАЈОТ НА МАРТ ОБЈАСНИЛ - Теута Арифи може да придонесе како амбасадор на ЕУ, ги знае процесите, беше вицепремиер за евроинтеграции
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на крајот на март, во свој настап во јавноста, всушност објаснил дека поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Аерифи може да биде добар предлог за амбасадор во ЕУ, изрекувајќи за неа пофалби дека може да даде сериозен придонес.
Всушнсот, како што пренесе Тетова.сот на 31 март годинава, Ахмети ги коментирал предлозите на Владата за нови амбасадори. Ахмети рече дека Теута Арифи е добар предлог за амбасадор во ЕУ бидејќи го знае процесот, бидејќи била поранешна вицепремиерка за евроинтеграции.
„Госпоѓа Арифи беше вицепремиер за евроинтеграции, како процес го препознава овој процес. Се проценува дека г-ѓа Арифи може да придонесе во оваа точка поради придонесите и претходните врски што ги имала со регионот, но и со Европската Унија“, рече Ахмети.
Извор: Тетова.сот, 31 март