20 Мај, 2024
0.0268

Македонските граѓани го сакаат домашното млеко

Објавено во: Агробизнис 22 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско. За време на посетата на битолската млекарница БиМилк Димовски посочи дека средбата со менаџментот на млекарницата овозможила да се информира за проектите кои ги реализира МЗШВ во соработка со таа компанија. - Најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетното млеко. Нешто со што можеме да бидеме горди и задоволни е токму брендот на БиМилк заради тоа што го пласира на пазарот е со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко, истакна Димовски. Димовски ја посетија краварската фарма „Млекопромет“ која има стадо од 50-на грла говеда. - Посетивме фарма во која што се искористени средствата од програмата со која што се поддржува набавка на висококвалитетни грла говеда за понатамошно производство на млеко, како и контрола на млекото и задоволни сме од постигнатиот успех, рече меѓудругото Димовски. На денешната прес-конфренција во Битола беше соопштено дека БиМилк во првиот квартал од оваа година го зголемиле домашниот откуп за 15 отсто, а тоа се должи на зголемениот увоз на висококвалитетни грла од Европската унија, како и субвенциите кои ги олеснуваат давачките на фармерите.  

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?