23 Мај, 2024
0.0313

Македонското МНР му одговори на Лавров за изнесените ставови за Македонија

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Македонското Министерство за надворешни работи(МНР) му одговори на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој кажа дека едно е како Македонците се однесуваат кон Русија, а друго е како се однесуваат политичарите. 

Во интервјуто на Сергеј Лавров „Република Северна Македонија се споменува во неприфатлив контекст“, реагира македонското Министерство за надворешни работи на зборовите на рускиот министер за надворешни, кој кажа дека „Западот се обидува да ја направи Северна Македонија алатка во антируската игра“.

„Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и натпартиско единство за членство во Европската Унија. Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешнополитичка ориентација на земјава. Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број граѓани.  Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи.  Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност, при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина. Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи. Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ-ОА за промовирање на своите геополитички ставови. Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние што прикриено се противеа на ваквиот чин“, вели МНР.

ЕУ и НАТО се обидуваат да ja направат Македонија „алаткa во антируската игра“, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Додаде дека Македонија, стана Северна Македонија за да влезе во ЕУ. Лавров смета дека Македонија за брзо нема да биде примена во ЕУ. 

„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Македонците и Црногорците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел. Ова е истото тоа што се обидоа да го сторат во Украина и во други источноевропски држави“, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју објавено на вебсајтот на руското Министерство за надворешни работи.

Кажа дека бил во Охрид и Скопје и видел како Македонците се однесуваат. Лавров освен Македонија, во исти контекст зборуваше и за Црна Гора. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗА КОИ КОМИСИИ ЌЕ БИДЕ „ТЕСНО“ МЕЃУ СДСМ И ДУИ: Довчерашните коалициони партнери ќе се борат за претседателското место во овие комисии

ЕВЕ ЗА КОИ КОМИСИИ ЌЕ БИДЕ „ТЕСНО“ МЕЃУ СДСМ И ДУИ: Довчерашните коалициони партнери ќе се борат за претседателското место во овие комисии

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност