21 Мај, 2024
0.0279

Макрон на удар во ЕУ: Го уништува процесот заради неговите амбиции

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Од обединител на Европа, како што се појави на почетокот на неговиот мандат, францускиот претседател Емануел Макрон е на пат да стане нејзин уништувач, вели „EUObserver“ во својот коментар, откако Македонија и Албанија не го добија очекуваниот старт на преговорите за членство во ЕУ.

„После сето она што Македонија го направи поради европската интеграција – спроведе бројни реформи, се помири со Грција и Бугарија, го смени уставот и името – наиде на „ѕидот“ наречен Емануел Макрон. Тој беше „моторот“ кој доведе до тоа Европската унија да го сруши ветувањето што го даде на Скопје – дека ќе добие датум кога официјално ќе го започне процесот на пристапување во ЕУ, откако ќе го направи сето она што се бараше од него“, пишува изданието.

Од таму велат дека одлуката за започнување на преговорите со Скопје и Тирана е одложена два пати поради несогласување на Франција, која поради Макрон, сметаат од таму, го држи како заложник целиот колективно договорен процес на проширување, барајќи преиспитување на проширувањето на Унијата.

„Во чин на невиден политички вандализам, Макрон се чини дека ја „уби“ политиката што до неодамна се сметаше за главна функција на ЕУ и која беше единствената стратегија на ЕУ кон нејзините балкански соседи. Тој го уништува процесот на евроинтеграција заради неговите амбиции“, се додава во анализата.

Според „EUOserver# Макрон давал енергичен и ладнокрвен отпор со кој не сака всушност да го реформира процесот на европска интеграција, туку да го уништи.

„Сепак, Макрон никогаш не кажал никому што треба да направат двајцата кандидати за да ги исполнат француските барања, ниту пак дал конкретни предлози за тоа што може да значи реформата во процесот на евроинтеграција. Сето ова укажува дека, за Макрон, всушност е најважно да се протера своето и за Франција да го преземе водството во Европската унија по Брегзит. Балканските држави и проширувањето во целина се само колатерална штета – тие се потрошни добра во напорите на Макрон да се стекне со доминација. Ако ЕУ продолжи да зборува за пристапување во Србија и Црна Гора, нема објективна причина зошто тоа не би го сторила со Македонија и Албанија“, се вели во продолжението.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател