21 Мај, 2024
0.0294

Марко Агуириано: Ќе ја ублажиме штетата со Северна Македонија и Албанија

Објавено во: Свет 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Марко Агуириано, државниот секретар на Шпанија за Европа, кој ќе му реферира на Жозеп Борел, во интервју за Ди Велт вели дека ЕУ ќе се обиде да ја ублажи штетата на Западен Балкан со, како што вели тој, стратешката грешка да не се отпочнат преговори со Северна Македонија и Албанија.

Ди Велт: Може да се потврди дека за Европа веќе е предоцна да даде предлог за северна Сирија.

- Во последниве години, ЕУ главно ја користеше својата мека моќ како актер во надворешната политика, најмногу преку трговската политика. Но сега ЕУ е свесна дека ние нужно мора да дејствуваме како силно единство и вистински актер за судбината на нашата планета кога станува збор за надворешната политика, за војната и мирот и зачувувањето на човековите права Отсега, треба да се вклучиме сè повеќе во надворешната политика, во спротивно другите ќе ни ги наметнат своите стратегии и нивните цели.

Во свет каде што еден од нашите најблиски сојузници во одбраната, САД, ни кажува дека треба да се вклучиме повеќе, тоа е неопходно. Во исто време Русија се обидува да го прошири своето влијание - а исто така и Кина. Во светло на сето ова, јас исто така верувам дека одлуката за одложување на преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија не беше стратешки најпаметна одлука.

Ди Велт: Колку е оштетен односот со Северна Македонија и Албанија?

- Се надевам не премногу. Ние се обидуваме да испратиме силна порака и да ја ублажиме штетата. Ако ние Европејците не станеме политички водечка сила, за неколку години, како што вели Жан Клод - Јункер, Европа ќе биде фантастично место за туристите, со култура, одличен изглед, литература и музеи - но нема да има влијание на нашата планета. Или ЕУ сега ќе биде активна или ние ќе бидеме жртви на нашата неактивност. Убеден сум во тоа. Постои ризик дека нашите сојузници ќе бидат уморни од нас, бидејќи сметаат дека не ги исполнуваме нашите ветувања.

Ди Велт : На кои теми Шпанскиот министер за надворешни работи ќе се фокусира како иден претставник за надворешна политика на ЕУ во Брисел?

- Сирија, Либија и Западен Балкан веројатно ќе имаат најголем приоритет. Мораме да го поврземе Западен Балкан со ЕУ и да биде стабилен. Покрај очигледните причини за ставање на дневен ред на Либија и Сирија, надворешната политика кон двете земји природно има за цел да го реши проблемот со бегалците.


Можеби ќе ве интересира

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите