20 Мај, 2024
0.0244

МАРТ ЌЕ БИДЕ ЕДЕН НАВИСТИНА ТЕЖОК МЕСЕЦ - државата на домашните кредитори треба да им врати 112 милиони евра

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Претстојниот март ќе биде еден од потешките месеци за враќање пари од државата кон домашните кредитори.

Календарот на Министерството за финансии покажува дека државата во третиот месец од годинава треба по основ на претходно направени задолжувања на домашниот пазар да врати вкупно 112 милиони евра, што е засега најмногу во однос на сите други месеци за кои се обзнанети финансиските планови на власта во државава.

Па така, уште на први март треба да се вратат 68,1 милиони евра и тоа по основ на државни хартии од вредност што се издадени минатата година.

Потоа, на седми март треба да се направат две исплати на суми од 16,3 и 9,8 милиони евра, за државни обврзници кои се издадени во 2019 година, и на 27 март ќе треба да се вратат 17,8 милиони евра, за државни хартии од вредност кои биле издадени во минатата година.

Но, за да ги врати овие пари кон домашните банки и фондови државата нема да остане „на цедило“, бидејќи таа си има веќе закажано аукции на кои ќе си позајми повторно средства од домашниот пазар, и ќе биде доволно ликвидна да се раздолжи по основ на стари долгови.

Инаку, во февруари, односно овој месец, државата вкупно враќа 62,4 милиони евра, додека, пак, во јануари вратената сума била на ниво од 56,6 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома