Меѓу разрешените во МВР и двајца осомничени во истрагите на СЈО
Објавено во: Свет 29 Септември, 2016
Смени во МВР согласно договорот од Пржино направи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Дел од медиумите пренесоа дека меѓу 11 сменети раководители, двајца се осомничени во случаите на Специјалното јавно обвинителство.
Имено, тие се распределени на пониски позиции, а како што пренесуваат медиумите се работи за Небојша Стајковиќ кој е еден од осомничените во случајот „Трезор“, предмет за кој СЈО во средата одржа прес-конференција, а тој е брат на Владислав Стајковиќ кој е прв сопственик на фирмата „Финзи“, фирма преку која одело незаконското набавка на опремата..
СЈО не ги соопшти имињата, иницјалите, ниту функцијата на осомничените лица, освен дека тројца биле вработени во Управаат за безбедност и контраразунзвање, а еден во Министерството за внатрешни работи.
Министерот Спасовски во однос на смените додаде дека ова го направил во интерес на граѓаните и за да создаде услови граѓаните слободно да донесат одлука за следните парламентарни избори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.