МИЦКОСКИ го „кани“ Љупчо ГЕОРГИЕВСКИ назад во ВМРО ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 01 Март, 2018
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оптимистички ги отвора вратите на ВМРО-ДПМНЕ за поранешниот лидер, Љупчо Георгиевски, доколку и тој тоа го сака, а за остварување на заедничка цел.
Еве што тој изјави при гостување во емисија на Канал 5.
-Јас во животот немам концесија. Моја единствена цел е да анимирам што е можно поголем број луѓе и целни групи за да ја поразиме оваа деструктивна политика на Заев. Апсолутно не станува збор за никаква концесија и ветувања. Сетоа ова го правам со цел да ја направам Македонија подобро место за живеење. Нашата цел е победа на следите избори и 61 пратеник. Не сме се виделе со Љупчо од пред Нова година, планирам да остварам средба, да ја продолжиме нашата комуникација и зошто да не, доколку имаме заедничка цел да ни се придружи, изјави Мицкоски.