05 Декември, 2025
0.0846

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 200 ЕВРА: Што со работниците кои се принудени да ги враќаат парите?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017 07:18

Добивај вести на Viber

Во септември пратениците изгласаа минимална плата од 200 евра, но откако оваа реформа стартуваше, голем дел од работниците биле принудени да ги вратат парите на газдите, а да пријават не ни  размислуваат затоа што ризикуваат да го изгубат своето работно место.

На удар најчесто се луѓето кои работат во текстилна и кожарна индустрија, каде и онака платите се најниски, а тоа се гледа и од податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика.

„Во нашата фабрика земавме плата од 12.000 денари, немаше никој под таа сума. Но, ќе видиме како ќе биде понатаму. Во чевларските фабрики луѓето ги вратија парите назад. Не е во ред да се враќаат парите, затоа што работата е тешка, се бара норма, прецизно работење, а се штеди на многу работи“ – вели девојка која работи во текстилна фабрика во Куманово.

Од друга фабрика за чевли во истиот град работничка потврдува дека сите нејзини колешки веќе ги вратиле парите од минималната плата од 200 евра, а реално заработката се движи од 9000 до 10.000 денари. И таа потврдува дека луѓето поради страв немаат храброст да кренат глас и да ги бараат своите права загарантирани со закон.

Имало и фирми каде на работниците им било кажано дека првиот месец можат да ја задржат целата сума пуштена на сметка, но тоа нема да биде пракса и понатаму.

Овие поразителни состојби ги констатирало и  Здружението „Гласно“ од Штип. Една петина од текстилните компании од Истокот не исплатиле минимална плата,  покажало истражувањето на Здружението „Гласно“ од Штип.

Во нивното истражување биле опфатени 25 конфекции од Источна Македонија.

„По извршеното анкетирање кај дел од работниците не се случи исплата на минималната плата со образложение од самите работници дека нормата не ја исполниле.Дали постојат дупки во законот: она што можам да го кажам е дека работниците не се во можност да преговараат за нормите затоа што е присутен страв од губење на работното место, а од друга страна се и договорите од еден месец за работа кои работниците ги имаат потпишано. Од она што е евидентно доста вработени постојат со над 5 години стаж, а нивниот договор сèуште не е трансформиран на неопределено.Ова е една од причините поради кои работниците не приговараат, а од друга страна им е ускратено правото.И за крај работниците немаат синдикати за да можат да имаат преставници кои ќе преговараат во нивно име и решавање на нивните проблеми.Сè друго кое е евидентно,  можете да го видете во спроведената анкета“ – вели Горан Трајков од „Гласно“.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се испитуваат сите дојави кои ќе ги добијат за неисплаќање на минимална плата.

„Дојавите за евентуални прекршувања на Законот за исплата на минимална плата се доставуваат до Државниот инспекторат за труд, а инспекторите се постојано на терен и ги испитуваат ваквите информации. Сметаме дека и покрај активностите на инспекторите,  работниците не треба да дозволат злоупотреба на овој закон и треба да ги пријавуваат сите неправилности и злоупотреби од страна на работодавачите. Примање плата на рака или враќање пари на работодавачот е казниво со закон, не само прекршочно, туку и кривично“ – вели Павлина Симоноска Арсиќ од МТСП. 
Министерството за труд и социјална политика апелира до работниците да се охрабрат и редовно да пријавуваат случаи на какво било кршење на работничките права.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“