20 Мај, 2024
0.0257

Минималната плата ќе се зголеми - кога и за колку?

Објавено во: Економија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20%. 

Ова денеска го најави министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими по работната средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија.

Вели дека ова се првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството за зголемување на минималната плата.

„Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20%. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат“ - рече Ибрахими.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски на сите работници им го честиташе 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Според него, анализите покажуваат дека има простор и можност да се продолжи оваа политика на зголемување на плати која ја реализиравме заедно со социјалните партнери, со Владата.

„Исто така овие анализи и сега покажуваат дека во најмала мерка 20% може да оди веднаш зголемувањето на минималната плата. Тоа е една исклучителна радосна и значајна вест која сакаме да ја споделиме со нашето членство и со сите работници. Станува збор за многу сериозен одговорен пристап на сите социјални партнери и на Владата во делот на задоволување и на потребите, водејќи сметка и за реалните можности и на одделни сектори и сегменти кои може да рефлектираат и во делот на подобрувањето на таа социјална економска состојба“ - рече Митревски.

Тој не даде прецизен одговор кога ќе се зголеми минималната плата, но рече дека може да се случи наскоро. 

Овие првични разговори, посочи, ги завршуваме успешно, следат други чекори, разговори со другите социјални партнери, со работодавачите, со другите синдикати, со цел Владата да излезе со предлог во делот на измени и дополнувања на тој закон.

Нагласи дека разговарале и за другите делови од протоколот за социјален напредок, она што значи сигурност на работни места во делот на обезбедување поголема сигурност преку афирмацијата на пристапот за реализација на посигурни работни места односно работен однос на неопределено работно време.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген