Мистериозна појава над Њујорк: Вонземјани или Бог, но вистинската причина е сосема логична
Објавено во: Свет 28 Декември, 2018
Иако некои се сигурни дека станува збор за посетители од некој друг дел на Вселената или за Божјата рака, објаснувањето е сосема логично.
Експлозијата на трафостаница во Њујорк го обои небото во електрично сина боја, што предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Некои се „сигурни“ дека станува збор за вонземјани, а други се прашувале дали тоа е „божји чин“, бидејќи евангелистите веруваат дека вистинските верници се подигнати на небото и дека ова може да биде симбол за избор на нов папа, пишува Би-Би-Си.