20 Мај, 2024
0.0246

Младите земјоделци можат да аплицираат за финансиска помош

Објавено во: Агробизнис 12 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој нуди финансиска поддршка за младите земјоделци, кои сакаат да започнат земјоделско производство. Поддршка можат да добијат и земјоделците кои имаат намера да го модернизираат своето производство. Повиците објавени денеска се однесуваат на подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година, за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 септември до 31 декември 2014 година, за набавен приплоден добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз, за набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште и за набавување опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување. Пополнетите барања земјоделците треба да ги достават по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за набавка на приплоден добиток, пчелни матици, опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување и помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е 30 јуни 2014 година. Крајниот рок за доставување барања за исплата за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година е 30 јуни 2014 година. Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини за период од 1 септември до 31 декември 2014 година е 1 јули 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?