25 Мај, 2024
0.0278

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, во Крушево при отворањето на 50-тата канцеларија на Левица, порача дека на 8-ми мај очекува голема излезност. 

,,Нашата кампања на овој револуционерен ден ја заокружуваме тука во револуционерно Крушево. На изборите на 8 мај очекуваме поголема излезност. Очекуваме да се зададе последниот удар на социјалдемократите како најантимакедонска багра со која се соочила државата", вели таа. 

Мојсоска истакна и одредени проекти и мерки од Изборната програма, посочувајќи дека нивната програма, за разлика од другите партии, има екстензивна платформа за работничките права. 

„На овие избори настапуваме со мерки за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, а Левица е единствена партија која предвидува т.н. татково отсуство. Предвидуваме и редефинирање на дејностите кои се трудово - интензивни со бенефициран стаж, како на пример: градежните работници. Предвидуваме и утврдување на минималната плата на две третини од синдикалната кошничка“, истакна Мојсоска.

Носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска, упати апел до пратениците да се откажат од патните трошоци и да се солидаризираат со обичниот народ.

„Левица е единствена партија која се залага за укинување на патните трошоци, за укинување на привилегиите на функционерите. Нашите пратеници во изминатиот мандат имаа 0 денари патни трошоци, така ќе биде и во наредниот мандат“, кажа таа. 

Потсети дека скоро 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. 

Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник