20 Април, 2024
0.0314

Може ли „јабанџија“ да купи 6 отсто од „Фершпед“ за помалку од милион евра?

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

 „Макошпед“ во три наврати плати околу 1 милион евра за да откупи дел од во „Фершпед“ за сега да стане втор најголем акционер разделувајќи ги на листата синовите на Штерјо Наков. Од средината на јуни до сега „Макошпед“ купи 1.058 акции во „Фершпед“ и најголем дел од нив во блок трансакции. Наспроти „илјадарката во блокови“ на „Макошпед“ во класично тргување од 19 јуни досега се истргувани само 67 акции на „Фершпед“. КХВ најави дека испитува, да видиме што ќе излезе од тоа?

Скопската шпедиција „Макошпед“ продолжува да купува акции во „Фершпед“. Деновиве „Фершпед“ објави на берзата дека „Макошпед“ докупил 386 акции во таа компанија и со тоа стануваат сопственик на 11,64 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. „Макошпед“ докупи во три наврати 1.058 акции со право на глас во „Фершпед“ во период од 18 јуни до 12 октомври. Во овој период на берзата во класично тргување беа истргувани само 67 акции (податок достапен на следниот линк http://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/FERS.

Од овде се поставива логичното прашање: како на „Макошпед“ му успеа да купи над 1..000 акции во блок трансакции по цени од 44.500 денари до 64.554 енари за акција? Кога се знае дека во тој временски период во класично тргување на берзата се истргувани само 67 акции од таа компанија. 
Зошто не реагираа никако на овој пробив на „Макошпед“ браќата Сашо и Драган, синовите на Штерјо Наков и најголеми акционери во „Фершпед“. Особено затоа што „Макошпед“ со докупувањето акции во јуни, јули и во октомври стигна , со претходно поседуваните, до 11,6 отсто и стана втор по големина акционер во „Фершпед“. Во оваа прилика мора да напоменеме дека „Фершпед“ е група што книговодствено вреди значајно повеќе од сегашната берзанска цена. Официјалните податоци на берзата покажуваат дека книговодствено акцијата на „Фершпед“ вреди 168.109 денари, што е значајно над последната цена од 60.500 денари за акција. Иако, рака на срце, бизнисот на „Фершпед“ не му оди како порано компанијата е солидно позиционирана на пазарот на шпедиција, а е сопственик и на охридските хотели „Метропол“, скопскиот хотел „Александар Палас“ и винарницата „Сковин“.

Од горенаведените факти е навистина интересно како „Макошпед “ успева да купува акции на „Фершпед“ во блок трансакции и тоа го прави по цени кои се знајачно пониски од книговодствената вредност, а во услови на значајно пониска ликвидност со таа акција на берзата во класично тргување. Дали и каква врска може да има овој тренд со новиот менаџмент во „Макошпед“?

Само за потсетување:

Големата мајска чистка во Одборот на директори во„Макошпед“

Тектонската промена во„Макошпед“ започна на последното акционерско собрание на 20 мај кога од старата постава на Одборот на директори „преживеа“ само Коста Младеноски. На другите тројца членови на Одборот Бобек Шуклев, Перо Моцан и на Вера Ивановска им беше констатиран престанок на мандатот поради истек на период од 4 години. Новите сили кои беа избрани на таа седница беа: Никола Лазаров, Марија Каранфиловиќ која два дена потоа стана и генерален директор т.е. извршен член и Јасмина Цветановска. На Младеновски му беше доверен уште еден четиригодишен мандат како член на Одборот на директори.

За 4 месеци во неколкиу наврати „Макошпед“ купи 1.058 акцииво „Фершпед“.

Колку заработи словенечкиот фонд продавајќи му акции на „Макошпед“?

Интересен податок е и тоа што досегашниот сопствени на 374 акции во „Фершпед“ што ги купи сега „Макошпед“ беше словенечки инвестициски фонд „Алпен Си“. Овој фонд стана акционер што поседува над 5 отсто од „Фершпед“ на 29 септември 2014 година. Тогаш докупи 350 акции во „Фершпед“ по цена од 54.500 денари за акција. На „Макошпед“ словенечкиот фонд му продаде 374 акции. Поголем дел од нив по цена од 60.500 денари за акција и другите по цена од 64.554 денари по акција. Од ова произлегува дека за три години словенечкиот фонд направил добивка од 100 евра по акција на тие 350 акции што ги купи во септември 2014 година. Тоа е добивка од 35.000 евра.

Што ги праша „Фактор“ менаџерите на „Макошпед“ во јули (на што уште чекаме одговори)?

„Фактор.мк“ во интерес на малите акционери во „Макошпед“ и на целата инвеститорска јавност до членовите на Одборот на директори на „Макошпед“: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател на Одборот на директори и членовите Коста Младеноски, Никола Лазаров и Јасмина Цветановска ги постави следниве прашања:

- Кој е врвниот приоритет од кој се водите при одлуките со пари на компанијата „Макошпед“ да купувате акции во „Фершпед“ и тоа во услови кои приходите од продажба и добивката не оставаат комотна позиција расположливите средства да ги вложувате во акции на компанија која три години не поделила ниту дивиденда?

- Дали имате одобрение од акционерите на компанијата да вложувате пари на „Макошпед“ во акции на „Фершпед“?

-Дали „Макошпед“ може да го издржи трошењето средства во толкави износи со кои купивте сопствени акции и акции во „Фершпед“ и дали ќе продолжите да купувате акции во „Фершпед“ и ако продолжи кој е стратешкиот интерес за тоа?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите