20 Мај, 2024
0.0284

Можно ли е Иран и САД да влезат во војна?

Објавено во: Свет 07 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

САД не се ни спремни ни способни за војна против нас, велат иранските власти. 

Врховниот ирански совет за безбедност ја намали важноста на американската одлука за испраќање носач на авиони и бомбардери на Блискиот Исток и смета дека тоа е само „психолошка војна“ против Иран, пренесе денес полуофицијалната новинска агенција Тасним.

Тензиите растат пред годишнината од американското повлекување од нуклеарниот договор кој во 2015 година, шесте светски сили го склучија со Техеран. Иран потоа неофицијално објави дека ќе активира дел од својата нуклеарна програма замрзната со одредбите на тој договор од кој не планира да се повлече целосно.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон во неделата објави дека САД го испраќаат носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и бомбардери на Блискиот Исток. Еден ден потоа министерот за одбрана Патрик Шанахан објави дека го одобрил испраќањето поради „уверливата закана од силите на иранскиот режим“, но не објасни врз кои разузнавачки информации е заснована одлуката.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф напиша на Твитер дека „ако САД и нивните клиенти не се чувствуваат безбедно, тоа е затоа што народот во регионот ги мрази – и нема да им помогне ако за тоа го обвинат Иран“.

Бригадниот генерал Хосеин Деган кажа дека Вашингтон тешко ќе ја убеди светската јавност и државите во регионот во оправданоста на војна против Иран и тешко ќе мобилизира средства за конфликт. 

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека ги укинува исклучоците за земјите кои и покрај санкциите можеа да продолжат да купуваат иранска сирова нафта. Тој планира иранскиот нафтен извоз да го сведе на нула, за да наштети на иранската економија. Вашингтон покрај тоа на листата на терористички организации ја вклучи елитната иранска воена формација Револуционерна гарда.

Иран е во неколку дипломатски и воени конфликти со одредени сојузници на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои ги поддржуваа САД во постапките против Техеран. Во Јемен, на пример, Иран ги поддржа бунтовниците кои се борат против воената коалиција предводена од Саудијците и САД.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси