На Западен Балкан живееме во отровен облак: Почнува нова кампања
Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2021 11:48
Земјите од Западен Балкан имаат најлош квалитет на воздух во Европа, поради што ние, претставувајќи ја кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, ги повикуваме надлежните државни институции и граѓаните во регионот, да спречат до 13.500 предвремени смртни случаи секоја година, велат од Обединет Балкан за чист воздух.
Додаваат дека повеќето од овие случаи се препишуваат на изложеност на ПМ честички, кои главно се произведуваат од термоелектрани на јаглен на Западен Балкан. Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија се подеднакво изложени на загадувањето на воздухот. Дел од овие честички во воздухот произлегуваат од постројки за греење што користат фосилни горива, фабрики и застарената технологија за загревање на домаќинствата.
Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ја потенцираат регионалната соработка како неопходност за трансформација на енергетскиот сектор и системот за заштита на животната средина, со што ќе се подобрат и економијата и јавното здравје. ПМ честичките се поврзани со бројни болести, почнувајќи од оние кои влијаат на срцето и респираторниот систем, до дијабетес, неплодност и рак. Колку е помала честичката, толку полесно и подлабоко може да навлезе во телото. Владините буџети не ги отсликуваат огромните трошоци за лекување на последиците од загадувањето на воздухот и изгубените години на живот кај граѓаните, а продолжуваат финансиски да поддржуваат проекти во секторот за јаглен.
„Освен тоа, опасните супстанции и соединенија што се пренесуваат преку воздухот ги зајакнуваат климатските промени, со поплави, суши и болести, што се појавуваат како последица. Во студијата објавена од HEAL, Sandbag, CAN Europe, CEE Bankwatch и Europe Beyond Coal, се наведува дека во 2016 година, 16 термоелектрани на јаглен на Западен Балкан, чијшто број останува ист до денес, испуштиле повеќе сулфур диоксид (SO2) од сите 250 вакви постројки што работат во Европската унија заедно. Додека термоцентралите во ЕУ се предмет на масовно затворање, Србија и Босна и Херцеговина остануваат посветени на своите планови за отворање нови, велат од кампањата.
Во ноември 2020 година, шесте земји заедно во Софија се обврзаа на Зелената агенда за Западен Балкан, со што презедоа обврска да ги следат политиките на ЕУ и нејзиниот европски зелен договор. Договорот предвидува достигнување на климатска неутралност, заедно со неутралност на јаглерод, до 2050 година.
Јагленот полека останува само лошо сеќавање на глобално ниво, бидејќи сега е веќе поисплатливо да се градат соларни централи и фарми со ветерници, отколку да се одржува мнозинството од постојните термоцентрали . Опремата за производство на енергија од обновливи извори станува драстично поевтина. Компаниите што произведуваат и користат јаглен се соочуваат со зголемени трошоци за добивање лиценци за емисија на јаглерод диоксид и усогласување со еколошките прописи.
„Преку кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, ние бараме од носителите на одлуки да ги
насочат своите политики и да преземат итни чекори за намалување на загадувањето на
воздухот, во согласност со нивните заложби за Зелената агенда за Западен Балкан, усвоени во
Софија на 10-ти ноември 2020 година. Зелената агенда за регионот подразбира регулирање на
прекуграничното влијание на загадувањето на воздухот, усвојување стратегии за подобрување
на квалитетот на воздухот, зголемување и унапредување на системите за мерење на квалитетот
на воздухот и вкупно елиминирање на субвенциите за јаглен . Напуштањето на употребата на
јаглен за производство на електрична енергија е најважната мерка за подобрување на
квалитетот на воздухот. Дополнително, замена на котлите за греење во домаќинствата со
еколошки почисти решенија, субвенции соларни панели на покривите на куќите и зградите,
како и проекти кои помагаат во подобрувањето на енергетската ефикасност, се чекори што исто
така може да имаат значајна улога, стои во нивното соопштение.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





