НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан
Објавено во: Свет 09 Мај, 2024
Украина изврши најдлабок напад на руска територија и погоди рафинерија оддалечена 1.500 километри. Цел на нападот била руската рафинерија Гаспром Нефтехим Салават во Башкортостан.
„Украинска правда“ информира дека нападот е извршен со дрон „SSU“, а со погодување на целта поставен е рекорд во однос на оддалеченоста на објектот.