Намалена куповната моќ на Грците
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2012
За пет проценти во последните две години е намалена куповната моќ на Грците , јавија грчките медиуми.
Податоците се на институтот за труд кон двата најголеми синдикати во земјата - на работниците во приватниот сектор ГСЕЕ и на државните службеници АДЕДИ.
Анкетите покажаа дека основната плата во Грција веќе се движи на нивоата на оние во Португалија, Шпанија, Малта и Словенија. Постојат индикации за понатамошен пад до нивоата во Источна Европа.
Во последните две години реалната плата е намалена од 84 отсто до 74 отсто од просечното европско ниво.
Вознемирувачки се и податоците за масовноста на сиромаштијата во Грција. Секој втор Грк живее на работ на сиромаштијата со годишни приходи помалку од 4.871 евра.