20 Мај, 2024
0.0262

Намаленото ДДВ за сточна храна треба да се почувствува и кај млекото и месото

Објавено во: Агробизнис 02 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Намалувањето на ДДВ-то за добиточна храна од 18% на 5% треба да предивика намалување на цената и на месото и млекото, очекува Владата. Министрите за финансии и за земјоделство денеска се сретнаа со земјоделците за да им го објаснат новото даночно олеснување. „Со намалувањето на стапката на ДДВ ќе дојде до намалување на цената на чинење за производството на месо и млечните производи што значајно ќе ја зголеми конкурентноста на македонското сточарско производство и на тој начин ќе станеме поконкурентни во европски размери. Тоа ќе овозможи да бидат поконкурентни и фирмите што се занимаваат со откуп и преработка на сточната храна. Со намалувањето на ДДВ-то очекуваме голем дел од сивата економија во овој сегмент да биде намалена, да се намали работењето и исплатата во готовина, а за сметка на тоа да се плаќаат обвските кон државата“, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски. „Со оваа мерка ќе се интензивира производството на сточна храна од која сме моментно увозно зависни. Но, во следниот краткорочен период сите земјоделски обработливи површини ќе бидат користени за производство на сточна храна што е голема придобивка, секторот за нејзина преработка дополнително ќе се мотивира, а ќе се зголеми и одгледувањето добиток, како и на производство на месо и млечни производи“, очекува министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Сепак, земјоделските производители нагласуваат дека цените ги диктира пазарот. „Повеќе од 60 отсто од нашите фармери се мали и не се повратници на ДДВ-то поради што и производната цена е повисока. Но, сега се надеваме дека нашиот производ ќе биде околу 13 отсто поевтин со што ќе ги зголемиме конкурентноста и продуктивноста“, нагласи Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?