Напад во ЛОНДОН: Четири лица избодени со нож
Објавено во: Свет 01 Април, 2019
Една жена и тројца мажи биле избодени со нож во грбот, сите четири напади биле одделно извршени во северен Лондон во неделата, пренесува БиБиСи.
Двајца од повредените се во критична состојба
Според полицијата, жртвите се "случајно
избрани". Властите соопштуваат дека работат на расчистување на случајот
и дека напаѓачот е ист и дејствувал сам.
Барањето за пребарување е слаб, црн, висок човек
во темна облека. Јасно е дека за случајот веќе има и притворен, но сеуште не е
официјално соопштено дали тој е напаѓачот.