Напаѓач држи пет заложници во Тулуз
Објавено во: Свет 07 Мај, 2019
Напаѓач држи пет заложници во продавница за тутун, во близина на аеродромот во Тулуз, во југозападна Франција. Според локалните медиуми, осомничениот се заканил дека ќе пука во полицијата ако се обиде да му пристапи во продавницата.
Тој е вооружен и се заканил дека ќе убива ако полицијата му се приближи.
Операцијата е во тек.