21 Мај, 2024
0.0277

НАСТРАДАА БАЛКАНЦИ: Убиени се во нападите во Германија

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во двата вооружени инциденти во Германија, жртвите се и Балканци кои престојувале и работеле во земјата. 

Бугарскиот конзул во Франкфурт, Антоанета Бајчева за бугарската национална телевизија БНТ потврди дека еден од загинатите во пукањето во германскиот град Ханау е бугарски државјанин.

Тој  живеел во Германија две години и работел како возач, а од скоро се вработил во наргиле барот каде што се случи убиството.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на БиХ, Небојша Рогоје за Радио Слободна Европа изјави дека меѓу убиените во Ханау е државјанин на Босна и Херцеговина. Тој не даде детали за идентитетот на човекот. 

„Детални информации за идентитетот на убиениот ќе бидат објавени на интернет страницата на Генералниот конзулат на БиХ во Франкфурт“, рече Рогоје.

Меѓу загинатите има и пет турски државјани. 

Во Ханау напаѓач  пукаше во два наргиле барови во градот во западна Германија и уби најмалку девет лица, а неколку луѓе ранил, соопшти полицијата, пренесува агенцијата АП.

Федерално обвинителство нападот го третира како тероризам. 

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека сите докази кои ги имала германската полиција укажувале на тоа дека нападот е извршен поради расна омраза.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател