16 Април, 2024
0.0341

Неделен Фактор - Без Катица би било многу досадно

Објавено во: Колумни 25 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Тридневниот собраниски циркус сигурно го кренал рејтингот на досадниот трет канал на МТВ со бурните пратенички прашања против Катица Јанева иако претходно многу интересно беше и на првиот канал каде се случи пуч организиран од колегиумот против главната уредничка Аргирова за „срамното“ интервју на Катица Јанева. МТВ даде одлична најава за тоа што требаше да следи неделава, провокации, несоодветни прашања, лични дисквалификации и бурни реакции зачинети со потсмев на секој даден одговор.

Ако Катица вака се однесува при испрашување од десетина вмровски пратеници тогаш може само да замислиме колку агресивна ќе биде во судницата. Сигурни сме дека сите сега сакате и директни преноси во живо од судењата за предметите на СЈО, секако доколку судот реши да поведе барем дел од нив. 

Ангажирањето на цела медиумска спрега за надополнување на црната кампања за двојазичноста си доби нови мети и теми, се води кон омаловажување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а билдање на национализмот и патриотските „игри“. 

Протекуваат снимки од интервјуа, ама протекуваат и документи на Викиликс. Зошто уште луѓето се возбудуваат од објавените документи на Викиликс, протечени од преписките на тогашната американска амбасадорка Џулиен Миловановиќ? Договорите меѓу Груевски и Ахмети не влијаеа врз патриотското чуство на изборите во 2008-ма, ниту пак на наредните. Како ехо од минатото излезе информација за договарањето на социјални пакети на борците на ОНА, признавање на Косово и ветена двојазичност на целата територија на Македонија. Како и тогаш така и денес се ова ќе пројде како нечујно ехо, за кратко само полнејќи ги социјалните мрежи со коментари и препукување, но ништо суштински нема да се промени. 

Меѓутоа на социјалните мрежи царува „шоуменот“ Миленко Неделковски кој се фати за токмакот. Може ли некој да сфати која е пораката на кршење на спомен плоча поставена од бугарски војници на Кајмакчалан. Не дека досега не сме биле навикнати на националистички испади, но ова е сосема ново ниво на „одбрана“ на Македонија. Ако историските неправди на Кајмакчалан се непростливи како тогаш само ден претходно српска делагација сосема слободно ги одбележа своите жртви и тоа со висок прием од претседателот Иванов. Се спрема ли Миленко да тргне со токмакот кон вила Водно?

Предизборната треска полека, но сигурно започнува иако сега засега во мали незабележителни дози, но одредени симптоми не може да се игнорираат. Едно е сигурно, предизборието ќе биде забавно, само да видиме кој на крајот ќе се смее.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Ерменија оди во прегратки на Западот – до каде ќе стигне?

Ерменија оди во прегратки на Западот – до каде ќе стигне?