НЕМИРИ ВО ИТАЛИЈА: Има повредени
Објавено во: Свет 01 Мај, 2019
Судири денеска имаше во Италија.
Двајца демонстранти и еден полицаец се повредени денеска во немирите на протестот пред железничкиот тунел во изградба кој ќе ги поврзе Италија и Франција.
Демонстрантите се собра пред тунелот против чија изградба се противат.
Едно од локалните официјални лица во Торино, Дамијано Карето, наведе на Фејсбук дека полицијата со пендрак го удрила по главата и раката, пренесува агенцијата АП.
Тунелот за брзи возови на релација Торино-Лион е долг 57,7 километри.Тој е еден од клучните железнички проекти на Европската Унија.