20 Мај, 2024
0.0281

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Попладнево се огласи метеорологот Славчо Попоски, кој најавува ново невреме и пороен дожд за цела земја. 

Нашата алатка за рано предупредување од појава на невреме НОТАС, и денес за најголем дел од Македонија предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град - напиша Попоски и пренесе слика од предвидувањето. 

Препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, стои во објавата на „Метео Аларм“.

И во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Можеби ќе ве интересира

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода