25 Мај, 2024
0.0285

Никола Димитров до премиерот: Не се оди во ЕУ со продажба на земјиште од 70 денари на близок

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за надворешни рбаоти Никола Димитров во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека само со тоа што ќе пишува во амандманите при уставните измени нема да биде клучно за продолжување на патот кон ЕУ, туку самото однесување на власта.

При тоа тој го спомена и случајот со фирмата во која сопственички удел има Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, што ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава, објави Радио Слободна Европа. Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.

- Многу е поважно прашањето како се владее дома, какви се системите, владее ли овде правото, блиски на функционери добиваат државно земјиште за 70 денари, надзорник со одвај завршено средно образование ќе има плата 5.000 евра. Треба тука да се фокусираме и така да држиме темпо. Не може да се држиме само до билатералните прашања, рече Димитров претпладнево во студиото.

Според поранешниот вицепремиер во владата на Зоран Заев, во државата владее хаос во образование, сообраќајот, здравството, а во судството довербата е само 4 отсто. 

- Не може демократијата да носи анархија. Не знаеме ни каде започнува државата, каде започнува партијата. Мора да намалиме колачот партиски, да го зголемиме колачот на граѓанството. 

Нас системот во основа ни остана ист, се загуби наративот од почетоците на 2017, имаме заробеност на сите институции од партиските машинерии и тоа нужно прави неодговорност. Ако не ме бива, ќе ме заштитувате бидејќи сум ваш. Тоа нема да го направи Брисел, мора ние да го направиме, заклучи Димитров.

Според Димитров, неприфатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватски модел на уставни измени, бидејќи тоа нема да биде прифатливо ниту за ЕУ ниту за внатрешниот консензус.

- Хрватската преамбула вели дека хрватската држава е национална држава на хрватскиот народ и на малцинствата, но ниедно од овие малцинства не ги негира Хрватите како народ. Ние тука имаме проблем. Второ - деликатно е и задира во нашите меѓуетнички односи дома и видовме какви реакции имаше од неколку албански партии, наведе тој.




Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник