20 Мај, 2024
0.0254

НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот  COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка на сите свои клиенти, физички и правни лица преку посебни услови за олеснување  на отплатата на сите кредитни изложености. Новата понуда е согласно  донесената одлука од НБРСМ за управување со кредитен ризик, како и донесената уредба на Владата за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, која ќе стапи во сила по објава во Службен весник.

Кај физичките лица, Банката ќе понуди можност за одложување на отплатата на кредитите, за сите физички лица до 6 месеци заклучно со 30.09.2020, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување на нови кредити со можност за користење на грејс период или редовна отплата на постоечките кредити, по избор на клиентите.

За правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно. Можностите за правните лица се: одложување на отплатата на кредитот од 3 до 6 месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

 
„Новите кредитни олеснувања кои ги нуди  Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но пред се ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели.“ , велат од Банката.

   

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката, при што истата ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација.

Можеби ќе ве интересира

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика