20 Мај, 2024
0.0269

Нова тура маски за медицинските работници, опфатени многу клиники

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2020

Добивај вести на Viber

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина. Со ова темпо, ќе се оствари бројката од 6.000 маски до крајот на наредната работна недела. Во меѓувреме тимот за печатење работи и на нови нешта кои би можеле да им се најдат на медицинските работници. Се изработија и првите заштитни кутии за интубација, соопштија иноваторите „Навигаторс“.

Во петокот беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ УГАК, ЈЗУ Микробиологија, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Офтамологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Максилофацијална хирургија, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Клиника Штип, ЈЗУ Геронтолошки завод, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Зравствен Дом Куманово, ЈЗУ Општа Болница Охрид, ЈЗУ Костозглобна Охрид, ЈЗУ Кардиолошки центар Охрид, ЈЗУ Итна Медицинска Помош.

Во текот на вчерашниот ден беа доставени 165 маски до следниве институции: ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Куманово, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Итна Медицинска Помош Охрид, ЈЗУ Инфективен стационар, ЈЗУ Хируршка амбуланта Охрид.

Со оглед на големата важност од имање на ваков тип на заштитна маска која може да се стерилизира со ладна стерилизација, секојдневно ќе ги испраќаме институциите каде се доставени истите. Со оглед дека на дневна основа добиваме информации дека вакви или слични маски можат да се најдат во индиректна продажба, да потсетиме, сите овие мaски се донацација и гореспоменатите институции ги добиваат бесплатно,дезинфицирани по соодветен  протокол.

Иницијативата на facebook групата:

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share


Можеби ќе ве интересира

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“