26 Мај, 2024
0.1269

Нови алтернативни начини на промоција на извозот

Објавено во: Економија 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Работна средба на претставници на компании-членки на Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија со Арбен Виља, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и претставници на Агенцијата.

Денес, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на којашто учествуваа претставници на компании од Клубот на извозници и претставници на АСИПИРСМ, на тема: дефинирање на  приоритетните активности за извозна поддршка на домашните компании, а во насока на стимулирање и промовирање на извозот.

„Сакам да ја изразам нашата подготвеност за реализација на нови заеднички проекти и очекувам дека од денешните дискусии ќе произлезат конкретни барања, предлози и идеи кои ќе ги имплементираме во нашиот Предлог-буџет за следната година, со единствена цел да додадеме вредност на извозниот ,процес и на тој начин да ги помогнеме домашните компании“ – нагласи Арбен Виља, во неговото обраќање до извозниците.

Со оглед на неизвесноста за одржување саемски манифестации и останати вообичаени форми на промоција, претставниците на бизнисот дадоа свои предлози и идеи со барање за понатамошно делување на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата.


„Поради настанатата криза со коронавирусот, повеќето планирани саемски манифестации до крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се откажани со што се јавува потребата за пренамена на средствата планирани за поддршка на извозните активности на домашните компании“, - истакна претседателот на Клубот на извозници, Глигор Цветанов. Тој додаде дека во наредниот период компаниите своите активности ги насочуваат кон дигитализација на процесите и зголемување на конкурентноста користејќи „онлајн“-алатки за промоција и продажба на производите.

Присутните компании порачаа дека во наредниот период потребно е да се фокусираат активностите кон потпомагање на компаниите во делот на дигитализацијата и имплементацијата на напредни технологии, настап на виртуелни саеми, изработка на „онлајн“-презентации и маркетинг стратегии за промоција на македонските компании и брендови на странските пазари, изработка на стратегија за настап на „онлајн“-пазари преку „онлајн“-продажба и обезбедување на поголема поддршка за зголемување на конкурентноста на домашните компании.

На средбата беше презентирана и новата веб-страна на Агенцијата со порталот за промоција на извозот, како и мерките за финансиска поддршка со акцент на столбот 2 (Пораст на конкурентноста на компаниите за освојување нови пазари и пораст на продажбата).                  

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини