20 Мај, 2024
0.0335

Нови предизвици за пласман на зеленчукот и овошјето

Објавено во: Агробизнис 31 Март, 2014

Добивај вести на Viber

За да бидат конкурентни на пазарите во Европската унија за зеленчукот и овошјето од Македонија потребни се нов и заеднички асортиман, нова технологија и форми на земјоделско организирање. До ваков заклучок дојдоа претставниците од  „Агри Ленд“ од Скопје, „Агрофруктус“ од Струмица и Федерацијата на фармери на Македонија, на состанокот на кој расправаа за моделот на организирано производство и откуп на овошје и зеленчук во Струмичко. Во Македонија има идеални климатски услови, има трудољубиви земјоделци кои знаат да произведат квалитетен зеленчук, смета директорот на хрватски „Агрофруктус“ Денис Матијевиќ,но недостасува организирано и договорно производство. - На овој регион сме од пред една-две години и како компанија специјализирана за откуп, дистрибуција и трговија со овошје и зеленчук, веќе ги согледавме проблемите во расцепканото, неуедначено и по сорти различно производство. Јас сум оптимист дека за две години со организирано и договорно производство ќе постигнеме воедначеност во асортиманот на зеленчукот, ќе ја примениме технологијата за производство и ќе постигнеме квалитет каков го бара европскиот пазар, рече Матијевиќ. За претставникот на Федерацијата на фармери на Македонија Никола Стаменов овие мерки се прифатливи. Тој се надева дека струмичките градинари лесно ќе ги применат, но според него, и понатаму камен за сопнување останува договарањето на откупната цена на овошјето и зеленчукот. Постои голем интерес на западноевропските пазари за македонскиот зеленчук и овошје. Тоа се гледа преку интересот што нашите производи го прекизвикуваат на запад. Сепак заклучокот е дека треба да се поработи на организираното и договорно производство.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?