Ново правило ако сакате данско државјанство
Објавено во: Свет 25 Декември, 2018
Данскиот Парламент донесе закон во согласност со кој мора да се ракувате на церемонијата за доделување на државјанство.
Анкетите покажуваат дека 52% од Данците за „против“, а „за“ се 32%.
Меѓу нив е и ирскиот писател, Били Ошеј кој долги години живее во Копенхаген, но одбива да го почитува ова правило.
Тој скоро 4 децении живее во Данска, односно од 1981 година. Неодамна одлучи да побара данско државјанство, затоа што му следува.
Но, тој не сака да се ракува при доделување на државјанството.
Ова досега обично се практикуваше, но од јануари ќе биде обврска.
Вели дека Владата овој чин го смета за почитување на данската традиција и култура.
Овој човек вели дека почитувањето не може да се наложи со закон. Дел од салафистите кои по пат на миграција се дојдени во земјата, одбиваат ракување помеѓу маж и жена.