Добивај вести на Viber
Од следната година, грчкиот државен фонд за приватизација ќе мора секоја недела да почнува со нов проект за приватизација, за да ги исполни условите од новиот договор меѓу Владата и кредиторите, а според договореното веќе во првиот квартал од 2013 година треба да бидат почнати десет проекти за приватизација.
Кога на ова ќе се додаде и приватизацијата на хотелот „Астир палас“ во Вулиагмени, со кој управува Националната банка на Грција, тогаш во следните три месеци треба да почне приватизација на 11 проекти.
Планот е да се почне со продажба на Грчката организација за коњски трки, Грчката пошта, Грчката индустрија за возила, Солунскиот водовод, Компанијата за рударство и металургија „Ларко“ и Грчките одбранбени системи. Во првиот квартал до 2013 година грчката Влада исто така ќе треба да имплементира и концесии за Игнација Одос ( грчкиот дел од европскит автопат Е90), мали пристаништа и марини, како и за некои регионални аеродроми.