Oд Левица велат дека од Протоколот ќе имаме негативни „придобивки“
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2022
Од Левица велат дека иако поминаа неколку дена од потпишувањето на Протоколот на Македонија со Бугарија, многубројни се сите инстанци на негативни „придобивки”, кои тој ги носи за нашата земја.
Од партијата објаснуваат дека од правен аспект, со овој Протокол, Бугарија, врши грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и со тоа се крши еден од основните принципи во меѓународните односи, имплементиран и во нашиот Устав.
Во Протоколот се наведува дека :
“Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република
Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави”. Дополнително, во Македонија ќе се контролира искажаните ставови на поединци и организации. Затоа, секоја реакција ќе може да биде санкционирана како говор на омраза. Бугарија ќе има право да контолира кои споменици се поставуваат и какви натписи ќе имаат. Истотака, ќе се има увид во тоа какви книги ќе се печатат во Република Македонија. Освен јасно изразената цензура на македонскиот народ по терк на колонијалните апетити на Република Бугарија, веќе знаеме дека тие ќе можат да го наметнат сопствениот наратив за македонската историја и култура. Но, истото тоа нема да важи за Република Бугарија и со тоа се крши – уште еден основен елемент во меѓународното право – реципроцитет. Жално е што на овој Протокол стои потпис од македонски министер кој доби подршка од пратениците на пробугарското мнозинство во Собранието, со што уште еднаш се покажа какви се амбициите на оваа власт“, велат од Левица.
Велат дека власта работи за бугарските интереси.