Осум млади скопјани во меѓусебна тепачка за Нова Година во Маврово
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2023
Осум момчиња од Скопје учествувале во физичка пресметка за време на новогодишната ноќ во маврово, по што полицијата ги привела.
„Околу 04.30 часот ноќеска во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“, објави МВР.
По целосно документирање на случајот, за учесниците во пресметката ќе следи соодветен поднесок.