20 Мај, 2024
0.0259

Откупот на тутун се намалува?

Објавено во: Агробизнис 13 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Откупните претпријатија размислуваат да го намалат откупот на тутун од годинешната реколта и ова веќе го најавиле денеска на координативен состанок со министерот за земјоделство Љупчо Димовски и претставниците на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Причина за ваквите планови се условите и пазарните поместувања. Министерот побарал откупувачите да достават прецизни податоци за количините ориентален тутун од реколтата 2014 година што планираат да ги преземат, но и да не се намалува бројот на кооперанти со кои ќе се склучуваат договори за откуп, туку само да се изврши корегирање на количините произведен тутун. Во струмичко веќе се најавува дека откупот на овогодинешната реколта би можел да биде и до 40% понизок отколку ланскиот. Фирмите веќе не склучувале договори со сите тутунопроизводители, што предизвикува револт кај тутунарите, од кои за добар дел тутунот е единствена егзистенција.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?