20 Мај, 2024
0.0286

Отсечени села, поплавени куќи - еве каква е состојбата низ државата

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Поплавувања има во повеќе  региони во државата. Центарот за управување со кризи(ЦУК)  информира за поројните поплавувања во последните 24 часа при што преку Секторот за операции и координација и Единствениот број за итни ситуации координираше со активностите на институциите од Системот за управување со кризи за навремено да се интервенира за заштита на безбедноста и имотот на граѓаните.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека во територијата на Општина Куманово во попладневните часови имаше обилни, но краткотрајни врнежи од дожд при што на ул. „Октомвриска Револуција“ после раскрсницата со „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ имало паднати дрвја, за што биле известени пожарникарите од ТППЕ Куманово, ЈП Водовод, соработникот со РЦУК Куманово. Сите екипи коишто биле на располагање биле на терен. Од Општина Куманово го информираа ЦУК дека на повеќе локации имале проблеми со паднати дрвја и екипите се на терен ги расчистуваат дрвјата и се одглавуваат главните шахти од страна на ЈП Водовод, Чистота и зеленило, ТППЕ Куманово и Водостопанство Куманово. Водостојот на реките се покачени и тоа: на Река Кумановка во с.Доброшане вчера е измерен водостој од 100 см, а денеска се измерени 130 см. Нема опасност од поплавување куќи и излевање на река и е известена Општина Куманово за водостојот на реките. 

Во период од 17:55 до 19:40 часот со 1пп возило и 2 пожарникаи интервенирале на испумпување на вода од коловозот на ул. „Моша Пијаде’. Регионалниот ЦУК Крива Паланка известува дека на ден 16.06.2023 година, во попладневните часови Општина Крива Паланка ја зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд, во градот и околните села. Притоа, дојде до нагло зголемување на водостојот на Крива Река, Домачки Дол и Киселичка Река. Од зголеменото ниво на Крива Река дојде до излевање на истата од минор коритото и поплавување на брегот на Крива Река. На бројот 112 е пријавена опасност од излевање на вода на пат, па во моментот во месноста „Домачки Дол“ се интервенира со една машина. Исто така, со една машина се интервенира и во населба „Бегови Бавчи“. Пријавена е и опасност за поплавување на новоизградени куќи и објекти, на локација на улица „Глигор Прличев“ бр.35 во Крива Паланка (под Ветеринарна станица Крива Паланка), старо име на улицата „Св .Јоаким Осоговски“. Има поплавена куќа во место викано „Толинци“ кај „Пролетер’ во Крива Паланка во куќата каде што има луѓе кои треба да се евакуираат. Отсечено е с.Т‘лминци со 20 жители, од надојдената река преку мостот. ТППЕ Крива Паланка и ДЗС Крива Паланка во моментов работат на испумпување вода од семејна куќа на место викано Тополки. Пријавено е дека има надојдена вода во долот од гробиштата каде што патот оди за село Конопница и таму веќе водатата зафатила и неколку куќи. Биле надојдени водите на Куков Дол и моментално се работи со една градежна машина. Кај место викано „Над Базен“ има излевање на водата на Крива Река. На патниот правец „Р2250“ 2Крива Паланка – с. Луке“ од 21.00 часот сообраќајот е целосно во прекин во двата правци поради свлечиште. Екипите на Ј.П. „Македонија Пат“ се излезени на терен и работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот. Вчера двапати заседаваше Кризниот штаб Крива Паланка при што членовите беа упатени на терен и пред и по седниците за координација. 

Остварен е контакт со градоначалникот на Општина Ранковце којшто извести дека е на терен со надлежните локални служби и ја следат состојбата на лице место и засега нема никакви опасности, нема пријавено поплавено земјиште и поплавени објекти освен за поплавен дел од воденица што е пријавен на 112 во ЦУК и кажа дека ќе прати градежна машина на критичните места кај мостовите на Крива Река. 

Општина Старо Нагоричане известува дека на реката Пчиња во с.Пелинце вчера се измерени 100см, а денеска се измерени 96. Во попладневните часови, вчера, имаше нови врнежи и се пчекуваше излевање на река Пчиња во Пелинце во горниот дел од сливот на реката. Известено е лицето со контакт на Општина .Старо Нагоричане за водостојот на реките. Општина Липково извести дека на територијата на Општина Липково ситуацијата е стабилна од врнежите од дожд. Нивоата на реките е зголемена но нема опасност за поплавување. Акумулациите „Глажња“ и „Липковско Езеро“ се полни 100  отсто и имаат прелевање, но во разговор со лице за контакт состојбата се следи и водостојот на реката е зголемен, но нема опасност од излевање на речното корито. Регионалниот ЦУК Куманово известува дека во с. Опила во Општина Ранковце. во период од 04:05 часот, водата од речното корито сама се повлекла во околината на куќите што беа опколени со вода. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа