ПАДНА ПРВАТА ПРЕСУДА ЗА АСАНЖ: Педесет недели затвор
Објавено во: Свет 01 Мај, 2019
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е осуден на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години. Казната му ја изрече судот во Лондон.
Џулијан Асанж, беше уапсен од Амбасадата на Еквадор во Лондон минатиот месец.
Асанж се засолни во амбасадата во 2012 година за да ја спречи неговата екстрадиција во Шведска каде се соочува со обвинувања за сексуален напад и силување. Инаку, основачот на Викиликс ги негираше овие обвинувања.